KANSAI HELIOS Group (во понатамошниот текст: Контролор, со контактни информации: Količevo 65, 1230 Domžale, Slovenia, е-пошта: gdpr@helios-group.info ја почитува приватноста на своите корисници и се обврзува со посебно внимание да ги заштити личните податоци добиени преку мрежните (online) формулари во согласност важечката законска регулатива.
На одредени места на нашата веб-страница, корисниците може доброволно да ни ги доверат своите лични податоци (име, адреса, е-пошта.) Ние, KANSAI HELIOS Group, ќе ги користиме и зачуваме личните податоци до истекувањето на целта поради која сме ги добиле личните податоци или додека не се повлече согласноста за користење на истите. Со употреба на соодветни технички и организациски постапки за заштита на лични податоци, ние ќе спречиме неовластен пристап до или откривање на личните податоци.
Ако корисникот го исполнил формуларот за контакт на нашата веб-страница, дадените информации ќе бидат употребени само со цел за комуникација. За жал, ако корисникот не сака да ни даде контактни информации, нема да бидеме во можност да ги одговориме нивните прашања.
Во случај корисникот да се согласи да го добива нашиот билтен, ние ќе го испраќаме билтенот до нивната адреса за е-пошта до откажувањето на истата. Со кликнување на линкот Unsubscribe на дното на секој пристигнат билтен, корисникот може да се откаже од добивање на билтенот во секое време. Корисникот, исто така, може да се откаже од добивање на билтенот во кое било време преку праќање на е-пошта до: gdpr@helios-group.info со предмет: GDPR – Mobihel – Macedonia.
Доколку корисникот се согласил за употреба на личните податоци за насочено рекламирање на Facebook или Google, корисникот му дозволува на Контролор да користи напредно насочување при рекламирање на интернет-медиумите. Ако корисникот сака да ја повлече согласноста за истото, тоа може да го направи во кое било време со промена на нагодувањата во наставката Колачиња (Cookies). Во тој случај, периодот на задржување трае до откажувањето на корисникот.
Ако корисникот купил некој производ преку нашата веб-страница, дадените информации ќе бидат употребени само во согласност со договорот за обработка на купениот производ и наплаќање или достава. Во тој случај, ќе ги зачуваме личните податоци во рок од 3 месеци по испораката на производите.
Ако корисникот го исполнил формуларот за регистрација на нашата веб-страница, дадените информации ќе бидат употребени само за увид и употреба на документи достапни за регистрирани корисници, и додека корисникот не ја откаже регистрацијата.
KANSAI HELIOS Group повремено им доверува одредени задачи поврзани со обработката на стекнатите лични податоци на договорните партнери, со кои има договор за обработка на лични податоци. Овие партнери може да ги обработуваат податоците стекнати во име на KANSAI HELIOS Group само за погоре наведените цели и во согласност со важечката законска регулатива. Во случаи кога KANSAI HELIOS Group користи софтверски алатки или зачувува лични податоци на сервери надвор од Европската Унија за други цели, се раководи според стандардни договорни одредби како дел од договорот со давателот на тие услуги како заштитна мерка.
KANSAI HELIOS Group е присутна и на Facebook, каде што сме оператор на Helios Refinish Facebook страницата (https://www.facebook.com/heliosrefinish) и Facebook Ireland Ltd. е оператор на социјалната мрежа. Согласно член 26, став 1 од Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR) Facebook Ireland Ltd. (првиот управувач) и KANSAI HELIOS Group (вториот управувач) се здружени управувачи кои обработуваат Insights Data (збирни податоци за посетители) на Helios Refinish на Facebook страницата.
Facebook Ireland Ltd. обезбедува анонимизирани статистички податоци на KANSAI HELIOS Group за посетителите на Helios Refinish Facebook страницата и овие податоци ги користиме во KANSAI HELIOS Group за постојано да ја оптимизираме нашата Facebook страница со обезбедување порелевантна содржина за посетителите на нашата Facebook страница и затоа ги користиме Facebook Insights врз основа на легитимен интерес (чл. 6 (1ѓ) од GDPR). Повеќе информации во врска со релативните одговорности на Facebook Ireland Ltd и KANSAI HELIOS Group, како и објаснување за тоа кои податоци се собираат, како се обработуваат и кои права ги имаат корисниците во овој поглед, може да се најдат во документот насловен Додаток на управувачот за увид во страницата ( https://www.facebook.com/legal/terms/page_controller_addendum) и во Политиката за приватност на податоци на Facebook (https://www.facebook.com/policy.php). Ве молиме земете предвид дека објавувате содржина на Helios Refinish Facebook страницата и испраќате пораки според Политиката за приватност на податоци на Facebook и вашите избрани поставки за приватност, освен ако не е поинаку експлицитно наведено (т.е. наградни игри организирани од наша страна преку Facebook).
Корисникот може во кое било време да побара од KANSAI HELIOS Group пристап до своите податоци и нивна корекција (и притоа да ја почитува границата на обработка), пренос на податоци (во случај на лична согласност или договор) или бришење на нивните лични податоци (ова не се однесува на податоците потребни за договорот, за траењето на неговата валидност). Корисникот може во кое било време да ја повлече дадената согласност за обработка на лични податоци или да одбие употреба на нивните лични податоци за насочено рекламирање. Корисникот може тоа да го направи со праќање на известување со предметна реченица/фраза: GDPR – Mobihel – Macedonia на нашата адреса на е-пошта: gdpr@helios-group.info или по стандардна пошта на следната адреса: Helios TBLUS d.o.o. (GDPR Mobihel), Količevo 65, 1230 Domžale, Slovenija. Повлекувањето на согласноста не влијае на легалноста на обработката на податоци што се извршила врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување. Исто така, секој корисник има право да поднесе жалба директно до Комесарот за информации ако смета дека обработката на неговите лични информации го прекршува важечкиот закон.